Три случаи на заболени од свински грип во Охрид

На инфективното одделение евидентирани  три случаи со потврден свински грип.

 |  Валентина Нелоска  | 
vakcina
вакцина

На инфективното одделение евидентирани  три случаи со потврден свински грип. Станува збор за три млади пациенти кои соодветно се лекуваат и се во стабилна општа состојба, без сериозни компликации велат лекарите.

vakcinaЗа само 10-тина дена од почетокот на месецов, на инфективното одделение се евидентирани 70 случаи на заболени од кои 30 пациенти се хоспитализирани. За да се утврди  типот на грип од кој се заболени пациентите, од посериозните случаи, брисеви од нос и грло се испраќаат во Скопје вели д-р Василески. Од вчера при општа болница Охрид заседава тим на лекари кои ја пратат ситуацијата со грипот. Очекуваме  грипот да има поголем замав околу Нова година до 15 јануари, па болницата се подготвува да одговори на пандемијата. Капацитетот на инфективното одделение ќе се прошири и на пнеумофтизиолошкото одделение.
На овие две одделенија ќе  ординираат 4 лекари специјалисти кои на  пациентите им пружаат 24 часовна медицинска нега објаснува д-р  Василески.Но по потреба ке се вклучат и интернистите додава Василески.
Препораката на лекарите за заштита од новиот грип е имунизација на населението. Стравот од зачестеноста на смртност кај населението предизвикана од новиот грип го зголеми интересот  на охриѓани за  имунизација од свинскиот грип. Од понеделникот до сега во регионалниот Институт за јавно здравство се  вакцинирале 312 лица од кои 42 –ца  здравствени работници.  Досега несакани ефекти од примената вакцина не се забележани потенцира епедимилогот д-р Јованка Коровешоска. Најголем бил интересот на лицата на возраст од над 40 години, а помладите лица се послабо заинтересирани. Интересот е во пораст и кај родителите да ги имунизираат децата потенцира и д-р Катерина Димитрова од одделнието за имунизација при општа болница Охрид. Досега се вакцинирани 15 деца со хронични заболувања.
Од понеделник вакцината во Советувалиштетото за деца и млади при општа болница ќе може да се прими без упат од матичен лекар најавува доктор Димитрова. Децата до 10 години ќе добијат вакцина во две  дози во текот на три недели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top