Улица со дупки и без струја и во 21 век

Петнаесетина семејства веќе триесет години  тропаат од врата до врата барајки некој да ги ислуша.

 |  Татјана Маленкова  | 
ulica
улица

Петнаесетина семејства веќе триесет години  тропаат од врата до врата барајки некој да ги ислуша. За овој период освен ветување не добиле ништо друго.  

ulicaВо центаралниот дел на Охрид, во близина на Охридскиот пазар, граѓаните за да дојдат до својот дом, поминуваат низ дупки и кал. Петнаесетина семејства веќе триесет години бараат некој да се сети на нив и да им ја асфалтира улицата. „Пристапот до нашите домови посебно е отежнат кога врни. Но покрај овој проблем морам да кажам дека немаме ни улично осветлување, ни приклучок во канализациона мрежа, вели нашиот соговорник Алим Неат.

Неат вели дека последен пат за помош се упатиле во локалната самоуправа и тоа пред три месеци. На надлежните им доставиле петиција во која бараат што поскоро да бидат приклучени во канализациона мрежа, асфалтирање на улицата и улично осветлување на истата.
Кога одговорните лица ќе интервенираат ТВ М се обиде да добие одговор од надлежните но тие денес не беа достапни. Тв М и понатака ќе ја следи состојбата во овој дел од Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top