Секторот за Локален економски развој од локаланата бара 20 милиони денари за развој на туризмот во 2010 год.
Секторот за Локален економски развој од локаланата бара 20 милиони денари за развој на туризмот во 2010 год.
Предлог програмите од секторот пред советниците. Тие треба да одлучат колку пари локалната треба да издвои за овој сектор.
Секторот за локален економски развој ја изготви предлог програмата за 2010 год. Истата е поделена на два дела. Ге 1 и Ге 2, првата за поттикнување на развој на туризамот и втората за поддршка на локалниот економски развој.
„Нашите програми се конципирани согласно потребите и активностите на секторот. Доставени се до советниците, а тие треба да ги разгледаат и потоа да донесат одлука дали и колку од нив ќе биде усвоени. Сметам дека во нашите програми многу битен е делот за поддршка на мали и средни претпријатија“, вели раководителот на ЛЕР, Гоце Симоноски.
Во програмата за следната година новина е и планот за поттикнување на партнерство и стратешки мерки. Ние како сектор минатата година спроведовме низа активности кои планираме да ги реализираме и годинава, вели Симоноски. Во предлог програмата на Лер голем дел средствата се предвидени и за учество на меѓународни проекти. Раководителот вели „Очекуваме отворање на ИПА фондови, посебно во делот на меѓународната соработка, сметам дека од овие пари ние како општина можеме многу да ги искористиме“.
Симоноски смета дека мора многу пари да се вложат во промоција на Охрид, па поради тоа во предлог програмата имаат нова ставка -соработка со странски туроператори. Тој се надева и на добра соработка со министерството за економија, за да не дојде до дуплирано претставување на саеми за туризам.
Инаку, секторот за локален економски развој за реализација на предлог програмата има потреба од 20 милиони денари во делот за развој на туризмот. Само за потсетување минатата година за овој сектор беа издвоени само 8 милиони денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град