Да се плаќа или не?

Правен лек за решенијата за наплата на радио дифузната такса на МРТ.

 |  Татјана Маленкова  | 
Mrtv
Мртв

Правен лек за решенијата за наплата на радио дифузната такса на МРТ.

Јавниот радио дифузен сервис по секоја цена ќе наплаќа такса. Граѓаните не се согласуваат со ова, а правниците ќе имаа полни раце работа.

Aleksandar GodzoОбврска плус за Македонците. Претплатата за МРТВ, со ново име – Такса. Тоа е како резултат на најновите измени на законот за изменување и дополнување на законот за радиодифузна дејност. Во него е предвидено финансирањето  на јавниот сервис да се прави со месечна јавна давачка, која ќе оди на терет на граѓаните на Р Македонија. Охриѓани слушнале но не добиле налог со кој треба да го подмират овој долг спрема државата. Дококу добијат сметка за новата јавна давачка тие се категорични дека нема да ја платат.  Поголем дел од нив веруваат дека оваа измена на законот ќе падне на Уставен суд.

Добрите познавачи на законодавството се повикаа кон најновите измени со став во кој прецизираат.„Решенијата врз кои МРТ бара наплата на овие средства  се направени по законот за извршување“, вели адвокатот Александар Гоџо.

„Академската дебата би можела да се води тука. Нашиот правен поредок задолжително дава право на правен лек. Прашање кое се наметнува е дали имаме ваков правен лек. Дали фактурирањето што го одбра МРТВ да наплаќа за поранешни месеци претсваува кршење на правата на обврзниците, вели адвокатот Александар Гоџо.

Тој вели дека граѓаните ќе се соочат со извршители доколку не ја подмират оваа давачка спрема јавниот радиодифузен сервис МРТ. Затоа под итно треба да се превземат посериозни и поиздржани причини за оваа одлука да се оптужи до највисоката инстанца –  уставниот суд.

Гоџо твди дека законот треба да претрпи корекции кај правниот лек, затоа што ние како граѓани мора да имаме можност за жалба и приговор, вели тој. По однос на тоа дали граѓаните се товарат да плаќаат застарени давачки, нашиот соговорник вели: „Тврдам дека секое решение од правен аспект се цени посебно. Не сакам да дадам дефинитивен одговор дали законот е прекршен. Додека тој е на снага може да предвидат  и решенија. Ако законот не е во ред тука е уставниот суд,“ вели адвокатот Гоџо.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top