Мирни протести на Охридските студенти

Тие денес јавно го покажаа револтот поради одложувањето на почетокот на преговори на Македонија за членство во ЕУ.

 |  Татјана Маленкова  | 
protesti
протести

Тие денес јавно го покажаа револтот поради одложувањето на почетокот на преговори на Македонија за членство во ЕУ.

protesti„Македонија ја заслужува довербата на ЕУ“, вели претседателот на студентскиот парламент при универзитетот за информатички технологии.

Студентите се обединија. Денес на мирни прортести го искажаа својот револт поради одлуката на министрите на ЕУ за одложувањето на почетокот на преговори за членство на Македонија, порди противење  од Грчка страна. „Не сме задоволни од одлуката бидејки со тоа ќе се намали слободата  на студентите, размената на знаење како и нашето дообразување, вели претседателот на студентскиот парламент при универзитетот за информатички технологии, Климент Зафироски.

Ние сме студенти на ЕУ, Македонија е дел од ЕУ, се само дел од паролите кои студентите денеска ги експонираа пред јавноста.

„Сакаме да ја покажеме заинтересираноста во донесување одлука за развој на нашето општество. Сакаме сами да си ја градиме својата иднина. Со членството во ЕУ оваа цел полесно ќе ја постигнеме. Сакаме исти права како и сите студенти во земјите членки на ЕУ, вели Зафировски.

На денешните студенстки протести на државно ниво денеска се приклучија и од Средношколската унија на Македонија.
Инаку прашањето за членство на Македонија во ЕУ повторно ќе се разгледува за време на шпанското претседателствување со ЕУ. Шпанија ќе биде следната земја која ќе претседава со Европската Унија, од први јануари до 30 јуни 2010 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top