Повреден ловец во Горна Белица

Настанот е пријавен во СВР Охрид, а од таму препратен до Црвениот Крст од Охрид.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого

Настанот е пријавен во СВР Охрид, а од таму препратен до Црвениот Крст од Охрид.

JablanicaАкцијата успешно е изведена, повредениот се наоѓа во Болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо и е вон животна опасност.

Имено според портпаролот Стефан Димовски повредата на лицето С.З. на околу 50 годишна возраст се случила при пад во ловење. Лицето се здобило со скршеница на десната потколеница.

„Акцијата  е препуштена на Црвениот Крст од Охрид“,  рече Димоски.

Од таму секретарот Антонио Додовски рече дека од нивна страна било превземена конкретна акција.

Дежурениот доктор при болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Љупчо Богоевски рече дека повредениот е во стабилна состојба. Тој е задржан на понатамошен третман заради скршеницата што ја има на десната потколеница и засега нема да се врши оперативен зафат. Пациентот се лувствува добро додаде Богоевски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top