Во предвечерието на патронот на училиштето и градот, основците од Св. Климент Охридски со свечена програма насловена со „ Животот е убав “ го одбележаа името на својот заштитник.
Во предвечерието на патронот на училиштето и градот, основците од Св. Климент Охридски со свечена програма насловена со „ Животот е убав “ го одбележаа името на својот заштитник.
Пригодната програма ја проследија голем број гости и родители, а присутните со пригодна реч ги поздрави директорката на училиштето Славица Илиќ. Таа истакна дека се слави името на патронот на градот и училиштето, сесловенскиот просветител и првиот учител Св Климент Охридски. Преку детската игра, песна и збор се слави убавината на животот потсети Илиќ и ги повика присутните да ја пронајдат убавината на животот во себе или околу себе.
Учениците од Св. Климент Охридки со тактот на музиката, песната и играта потврдија дека животот е навистина убав. На најуспешните ученици кои учествувале на литературниот и ликовниот конкурс им беа врачени освоените награди.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град