Политички травестити кои што во својот живот не направиле ништо, критикуваат.
Наместо тоа нека отпочнат нешто да работат за градот, порача денес пратеникот Цветко Грозданов. Тој вели дека наградата за животно дело ја заслужил и ќе ја добие.
„Срамот од неодржувањето на прославата на патронот на градот Охрид, 8 ми декември е голем и видлив. Локалната самоуправа е директен виновник за целото сценарио околу чествувањето на овој голем ден“, обвини денес пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Цветко Грозданов. Видно револтиран, Грозданов истакна дека политиката на владеачката гарнитура на СДСМ од Охрид удри по правото на граѓаните да бидат сведоци на свеченост како што заслужува патронот, Св. Климент.
Грозданов вели дека неговите залагања за градот ќе остават видливи траги, бидејќи тие се за општото добро за сите граѓани на Охрид. Тој потенцираше дека последниве случувања околу доделувањето на Свети Климентовата е одраз на чиста политизација и партизација на неговите политички опоненти.
Притисок од страна на СДСМ бил присутен во текот на целиот процес околу одлучувањето на добитниците на Св Климентовата награда, обвинува Љубен Буџакоски од ВМРО –ДПМНЕ.
Грозданов во Свети Климентовата наградата воопшто не гледа политички, бидејќи бил предложен од атлетската федерација како граѓанин на Охрид а не од матичната партија. Локалната власт на СДСМ го нема тоа ексклузивно право да одлучи кој како да гласа. Очекувам да ја добијам наградата вели Грозданов и подвлече дека последниве случувања се само одраз на политика на исфрустрираност и хаос што владее во СДСМ . Грозданов додаде, дека затоа што немаат оправдание за тоа што се случи, оваа манифестација доживеа да биде исполитизирана и испартизирана. Тој не ја прифаќа ниту моралната одговорност на Тунтев, бидејќи одговорноста ја гледа во целата локална власт поточно во нивната неспособност да се справат со тоа кој да ја добие Св Климентовата награда, што останува за другите покрупни проблеми или за општото живеење на граѓаните во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град