Струга ништо посебна за новогодишните празници

Градот ќе биде декориран на идентичен начин како и претходните години.

 |  Колоска Билјана  | 
Struga
Струга

Градот ќе биде декориран на идентичен начин како и претходните години.
Струга и оваа година нема да биде специјално декорирана за новогодишните празници.  Градот ќе биде украсен и осветлен во идентичен стил како и минатата. Граѓаните очекуваат Струга предновогодишно да биде украсена како никогаш досега. На овој туристички град му треба нешто ново и интересно, велат  стружани.
Од Локаланата Самоуправа информираат дека декорацијата на градот комплетно треба да биде завршена до средината на овој месец.

Struga„Се надеваме дека Струга  ќе биде уредена малку поразлично од лани, оваа година  предвидено е да има повеќе реквизити“- вели скретарот Зоран Гулицоски.

Освен за украсување на градот, нема да има други ангажмани по повод новогодишните празници. Како и изнинатите години, така и оваа, дочек на новата 2010-та година, на отворено, нема да има, потврдија од Локалната.

„Поучени од претходните години, кога на прославите се користеше пиротехнички средства и се загрозуваше безбедноста на посетителите, одлучивме да се не организира дочек на отворено ниту оваа година“-истакна Гулицоски.

Во иднина ќе посветиме внимание исклучиво за декорација, посебно сега кога се одлучи обврските за оваа намена да ги превзеде општината, вели секретарот.
Инаку, на последната седница на Совет, Комисијата за празници и манифестации побараа од О.Струга идната година таа да се погрижи за декорацијата на Струга. Оваа предлог одлука се усвои. Така, за следната година, одделението за одржување на осветлувањето, ќе подготви своја програма, според која ќе го украсува градот, многу поразлично од изминативе години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top