Заврши финалното вештачење на „Илинден“

Конструкцијата на бродот Илинден го издржа оптоварувањето со  канистри полни со вода и со друг товар.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ilinden
Илинден

Конструкцијата на бродот Илинден го издржа оптоварувањето со  канистри полни со вода и со друг товар.

IlindenСо ова заврши финалното вештачење на бродот. Останува комплетирање на истрагата и предавање на предметот до јавното обвинителство.
Експерти од Македонија, Хрватска и од Франција, ја тестираа издржливоста на бродот Илинден. Со овој зафат, заврши финалното вештачење на бродот, за кој како клучна причина за потонувањето се наведуваше неговата преоптовареност. По завршувањето на вештачењето останува комплетирање на истрагата и предавање на педметот во јавното обвинителство.
Засега единствениот обвинет за потонувањето на „Илинден“ е капетанот на  бродот Сотир Филески, кој по два месеци во притвор е пуштен да се брани од слобода. Резултатите од вештачењето, ќе треба да покажат дали обвинителен акт ќе биде покренат и против други лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top