Оставки на членовите на комисијата, бараат од ВМРО НП

Политичките притисоци и пазарења кои постоеја во текот на работата на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ треба да бидат санкционирани, велат од ВМРО НП.

logo
лого

Политичките притисоци и пазарења кои постоеја во текот на работата на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ треба да бидат санкционирани, велат од ВМРО НП.

Јоне СтанкоскиКон серијата обвиненија на сметка на доделените „Светиклиментови награди“, денеска се приклучија и членовите на ВМРО НП. Тие ги изнесоа своите ставови и забелешки по однос на одлуката донесена од страна на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ при советот на Општина Охрид. Забелешките во најголема мера се донесуваат на начинот, постапката и изборот на  добитник на наградата Патрон на град Охрид. На 6.10 2006 год. советот на Општина Охрид има донесено одлука за именување и доделување на општинските награди и признанија, со помош на која е утврден начинот, постапката за доделување на награди и признанија. „Комисијата за доделување награди и признанија“ во неколку сегменти ги игнорираше одлуките донесени со правилникот за работа, обвинува Јоне Станкоски. Токму поради тоа од ВМРО НП побараа членовите на комисијата да поднесат неотповикливи оставки. „По кои критериуми, начини и постапки е донесена оваа одлука? Токму затоа ВМРО НП бара од членовите на комисијата да поднесат неотповиклива оставка, а доколку не го сторат тоа предложуваме претседателот на совет да свика седница на која ќе се разреши ова прашење. Сметаме дека со непочитување на одлуките на советот се деградира неговата работа, значењето на наградата Патрон на Охрид исто така се спушта на најниско ниво“, е ставот на ВМРО НП.

Како партија, тие денеска јавно запрашаа кои беа критериумите по кои се водеше работата на комисијата при доделување на наградите. Конкретно се осврнаа на заслугата за добивање на награда на пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов. „Кое е тоа негово достигнување, односно животно дело со кое го задолжи Охрид, за да  добие вака висока и ценета награда“? Цветко грозданов е најголемиот кочничар и виновник за што Охрид не влезе во втората фаза на децентрализација, и пречка за спроведување на голем број урбанистички решенија кои не се донесени навремено( се мисли на 8ма урбана единица), по кој аградот би добил поголем сума на средства по основ на комуналии. Сметам дека со „ОВИЕ ДОСТИГНУВАЊА“ „Светиклиментовата награда“ е мало признание за него, и ние би го предложиле за Нобелова награда“, со иронија коментираше Костоски.

Од ВМРО НП побараа објаснување зошто е одложена свечената Академија и наместо нејзе е свикана свечена седница на советот. „Не дозволуваме за вака значајно прашање комисијата интерно да се пазари, да поигрува со чувствата на граѓаните и воопшто да ја деградира работата на советот на Општина Охрид“, потенцираат тие. Ставот на оваа пертија е дека нивните забелешки можеби се задоцнети, но се надеваат дека со нив ќе допринесат да се поткрене јавната свест на Охриѓани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top