Жребка со кој ќе бидат формирани групите за Светското фудбалско првенство во фудбал, ќе се одржи во петок навечер во Кејптаун.
Организациониот комитет ги објави составите на четирите шешири за 19-от по ред Мундијал, што наредното лето ќе се одржи во Јужна Африка.
Како носители се рангирани репрезентациите на Бразил, Шпанија, Холандија, Италија, Германија, Аргентина, Англија и Јужна Африка.
Во вториот шешир се претставниците на Азија и на Северна и Централна Америка, Јапонија, Јужна Кореја, Северна Кореја, Австралија, САД, Мексико, Хондурас и Нов Зеланд.
Африканските и Јужноамериканските селекции се сместени во третиот шешир: Алжир, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Гана, Нигерија, Чиле, Парагвај и Уругвај.
Европските репрезентации Данска, Франција, Грција, Португалија, Словачка, Словенија, Србија и Швајцарија ќе бидат влечени од четвртиот шешир.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град