Се расправаше за повеќе предлог одлуки. За поефикасна работа советниците ги побараа старите лап топ компјутери.
Решение за проблемите во МЈП Проаква ќе бара комисијата која ја формира советот на О.Струга. Од неа се очекува да изготви санациона програма за делот на водовод и канализација во јавното претпријатие. Одлуките на управниот одбор на Проаква ќе почекаат, бидејќи оние на комисијата се поважни, вели советникот од ДПА Сурија Рашити.
На денешната Седница на Совет инаку седма по ред, советниците ја одобрија и Предлог-Одлуката за купување на земјиште во трајна сопственост на МЈП Проаква, за изградба на мини централи.
Покрај состојбата на претпријатието, се дискутираше и за други прашања. За поефикасна работа, советничката група на ДУИ побара што поскоро во советот да се обезбедат лап топ компјутери. Секретарот на о.Струга, Зоран Гулицоски, ги информира советниците дека ќе добијат компјутери, најкасно до месец февруари.
На денешната седница се вметна и Предлог програмата за пречек на Нова Година.
Комисијата за манифестации предложи годинава да се направат некои измени и целата обврска за декорација на градот да је превземе Локалната Самоупрва.
Инаку, на денешната седница на совет мнозинството предлог одлуки се донесоа едногласно. Единствено за следната средба на советниците беше одложена Предлог –Одлуката за прифаќање на иницијативите за изработка на Локална урбанистичка планска докумантација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град