Центарот „Порака Нова“ организира хуманитарна забава „Со нас на чај“.
Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“ од Струга денес се придружи на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со попреченост. Тоа го направија преку хуманитарна забава организирана на струшкото пливалиште. Лицата со интелекуална попреченост на штанд продаваа рачно изработени предмети.
Посетителите на оваа забава упатија пофалби до лицата со интелектуална попреченост за нивниот труд како рачно ги изработиле предмети. Стружани уште еднаш ја покажаа својата хумана страна со тоа што се приклучија на хуманитарната акција под наслов „Со нас на чај“.
Средствата од оваа хуманитарна акција е бидат искористени за потребите на центарот „Порака Нова“. Од таму планираат на лицата со интелектуална попреченост да им организираат еднодневна екскурзија во главниот град и тоа за време на новогодишните празници.
„Сакаме овие лица да ја почувствуваат вистинската новогодишна атмосфера. Бидејќи во Струга нема посебни подготовки одлучивме тоа да биде во Скопје“-вели, Анита Гаговска од Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“.
Од таму се задоволни како помина хуманитарната забава. Со тоа што граѓаните донираа средства за потребите на центарот докажаа дека ја ценат и наградуваат работата и трудот на лицата со интелектуална попреченост.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град