Здружението на инвалиди на трудот, со скромна свеченост го одбележи денешниот светски ден на оваа категорија на граѓани.
Тие упатија замерка до надлежните институции околу висината на инвалиднината која ја добиваат, а изнесува скромни 500 денари.
Со законска одредба на Обединетите нации 3 декемви е меѓународен ден на инвалиди на трудот. Ова е ден кога сите граѓани би требало да почувствуваат хуманост кон инвалидизираните лица. Здружанието на инвалиди на трудот од Охрид и Општина Дебарца е единствена независна организација која делува во овој регион, заради остварување на заеднички интереси на инвалидите на трудот, подеднакво и за жени и за мажи. Целите на ова здружение се остваруваат преку реализација на програмата за работа, истакна Благоја Крстаноски, претседател на ЗТИ од Охрид.
Членовите на ова здружение упатија силна замерка на сметка институциите кои ја одредуваат висината на инвалиднината која изнесува скромни 500 денари.
Екрем Каљоши, директор на центарот за социјални грижи, појаснува дека врз основа на предходна категоризација и возраст на лицата кои се баратели на оваа помош. До 26 год возраст висината изнесува 3700 ден. Потоа истите тие корисници се префрлуваат на нега и износот се покачува на 4200 ден.
Изјава од Екрем Каљоши – дир. на Центар за
ЗТИ на Охрид брои околу 1800 членови. Во него членуваат само лица со општа и непрофесионална неспособност за работа, кои заради својата попреченост неможат самите да ги задоволет своите потреби во секојдневниот живот во средината во која живеат. Како организација тие соработуваат со ним слични организации од земјата и странство.
Според новиот закон за инвалидски организации, ЗТИ од Охрид, аплицираше до Министерството за труд и социјална политика со своја програма и статут. Според тоа добивме решение со кое ЗТИ од Охрид е со статус на инвалидска организација, бид ги исполнува сите одредби од законот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град