Рускиот тенисер Николај Давиденко во финалето на TP World Tour Finals во Лондон го совлада Хуан Мартин дел Потро со 6-3, 6-4 по еден час и 24минути игра.
Рускиот тенисер Николај Давиденко во финалето на TP World Tour Finals во Лондон го совлада Хуан Мартин дел Потро со 6-3, 6-4 по еден час и 24минути игра.
Потполно заслужено седмиот тенисер на светот Давиденко стигна до својот прв трофеј на завршните турнири каде се натреваруваат осумте најдобри тенисери на светот, кој за прв пат се одржаа во Лондон и О2 Арената. Минатата година Давиденко на тогашниот Мастерс Куп во Шангај играше финале, но загуби од србинот Новак Џоковиќ.
Истиот играч го совлада и во 1. коло во Лондон, но најдобриот руски тенисер по тоа ги победи сите кој му застанаа на патот, победникот на Австралија Опен, Рафаел Надал, победникот на Вимблдон и Роналд Гарос, Роџер Федерер, а во финалето и освојувачот на УС Опен Хуан Мартин дел Потро. Воедно запиша победа и портив финалистот од Роланд Гарос Робин Содерлинг.
Давиденко во финалниот двобој против Дел Потро доминираше од основната линија. Беше агресивен, прецизен и малку грешеше. Дел Потро делуваше доста уморно и не успеа да се наметне.
„Стигнав овде како број 7 и го освоив турнирот, со што се изненадив и самиот себе. Им се заблагодарувам на сите за подршката која ми ја даваа, на русите и посебно на англиските навивачи.“- порача во говорот победникот Давиденко, кој стана првиот Русин победник на Мастерс турнирот, односно денес АТП финале.
„Го подигнав трофејот, на него има толку големи имиња. Џоковиќ лани, Федерер, Сампрас. Од оваа година, и моето име засекогаш ќе биде запишано на овој трофеј, фантастично се чуствувам.“
Зад Давиденко ова беше петто финале сезоната, каде триумфираше на сите. Инаку 28-годишниот Русин е одичен во финалињата, сега има скор од 19-5. Добар е и Дел Потро, кој ова му беше само трет пораз во десеттот финале во кариерата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град