Неосновани барања на сточарите

Барањата на сточарите и фармерите за скратување на постапката за користење средства од ИПАРД фондовите, се неосновани.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ljupco Dimoski
Љупчо Димоски

Барањата на сточарите и фармерите за скратување на постапката за користење средства од ИПАРД фондовите, се неосновани.

Овие критериуми не се комплицирани, туку едноставни, вели министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Би било штета Р Македонија да не ги искористи овие европски пари, додава деканот на Факултетот за земјоделство.

„Не можеме и не смееме да ја скратиме процедурата за добивање на средства од ИПАРД фондовите. Овие критеруми во суштина не се толку комплицирани, туку едноставни. Барањата на сточарите и фармерите се неосновани“, вели министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.

Владата смета дека со добар систем на едукација на фармерите, ќе им се поедностави процедурата, а со тоа полесно ќе ги добијат средствата, додава министерот.

И деканот на факултетот за земјоделство, наука и храна се сложува дека би било штета Р Македонија да не ги искористи европските пари. Сите напори и капацитети ќе се стават во функција овие стредства да останат во Македонија, вели деканот на земјоделскиот факултет Драги Димитриевски.

Инаку од Федерацијата на фармери  и стоачри во Р Македонија се жалат дека критериумите и услови кои треба да ги исполнуваат земјоделците за да можат да аплицираат за оваа програма се големи. „Фактот е дека кога ќе почне реализацја на ИПАРТ фондовите  многу тешко самиот фармер ќе може да изготви апликација за да може да аплицира за овие фондови. Можеби понатаму ќе биде полесно, барањата се многу и тоа  посебно во прибирање на докумнтација, велат од федерацијата на фармери.

Теренска кампања на презентирање на можностите на ИПАРД фондовите, започна кон крајот на месец октомври, а првите оглеси треба да бидат објавени во декември месец. Потсетуваме дека Македонија од претпристапните фондови за рурален развој има на располагање 42 милиони евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top