Годишно собрание на ПОДЕМ

„Нашата партија нуди соработка со граѓаните“, вели претседателот на Подем.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

„Нашата партија нуди соработка со граѓаните“, вели претседателот на Подем.

podemКако партија ќе реагираме на сите негативни појави со кои се узурпира Струга, вели претседателот на Општинаската Организација на Подем, Кутаноски.  

Партијата ПОДЕМ одржа Годишно собрание во Струга. „Наша цел е на граѓаните да им понудиме политичка опција која ќе соработува со нив. Ги имаме опфатено сите целни групи, каде водиме сметка за секој член и симпатизер на партијата. Посебно внимание посветуваме на студентите, образованието и земјоделито“, вели претседателот на ПОДЕМ, проф. д-р. Живко Јанкуловски.

Во партијата имаме формирано совет на интелектуалци, од каде произлегуваат многу добри предлози за владата и ресорните министри, вели Јанкуловски.

Постоиме само една година, а успеавма да станеме релевантен фактор на политичката сцена во Р Македонија, вели претседателот на ОО на Подем, Наум Кутаноски. Во моментов ја комплетираме структурата на партијата, додава претседателот Кутаноски.

„Жал ми е што за малку не влеговме во совет на општина Струга. Факт е дека во последниве 20 тина години  советниците ги ставија граѓаните во втор план. Ветувам дека нашата партија ќе реагира на сите нагативни појави кои се случуваат во Струга, а посебно ќе се бориме да не се продолжи со узурпација на крајбрежјето во Струга“, изјави претседателот на ОО на Подем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top