Жртвата не се плаши да пријави насилство

Лицата повеќе имаат доверба во невладините организации отколку во државните инситуции.

 |  Колоска Билјана  | 
Dragica Poposka
Драгица Попоска

Лицата повеќе имаат доверба во невладините организации отколку во државните инситуции.

Dragica PoposkaГраѓаните се почесто отворено зборуваат за семејното насилство. Жените, во последниов период не се срамат да го пријават случајот доколу бидат жртва на насилство во своето семејство. Најпрвин проблемот го пријавуваат по телефон, за потоа да дојдат во нашите кацеларии, вели претседателот на невладината организација „Езерка“ од Струга.

„Кога ќе се јават телефонски отворено заборуваат за насилството штом дојдат овде се посрамежливи. Ги упатуваме каде да бараат помош“-вели Драгица Попоска, претседател  на „Езерка“.
Според кажувањата на жртвите, тие повеќе имаат дверба во нас отколку во институциите кои се занимаваат со овие проблеми, вели Попоска.  Според неа, тоа се должи бидејќи жртвите кога зборуваат за насилството во невладините организации не се како пред Суд, што не е случај и со државните институции, истакна Попска.
„За разлика од минатото, денес има соодветни услови за жртвите на секаков вид насилство“-, вели претседателот на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените, Лилјана Попоска. Во државава има доволен број на прифатилишта за лицата кои имаат неиздржлив проблем во својот дом и истите во иднина се целосно заштитени.
„Вреди да се пријави случај на насилство, се згрижуваат во прифатилишта и на жртвите им се обезбедува работа со цел да бидат економски независни“-истакна Поповска.
Во Струга, за да се заштитат лицата од секаков вид на насилство, невладините организации превземаат повеќе активности.
„Ќе формираме „Коалиција“ на Локално ниво. Ќе бидат вклучени невладини организации од сите етнички заедници, со цел заедно да го анулираме секаков вид насилство“-вели пратеничката Лилјана Затуроска, од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Во склоп на оваа „Коалиција“ ќе се формира координативно тело, на чело со претседател и членови. Нивна задача ќе биде да се детектираат проблемите поврзани со насилството.
Инаку, по повод Меѓународните денови за борба против семејно насилство“ на оваа тема се дискутираше  и во Струга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top