Шалтерски ситем и во Центарот за социјални работи

Денес започна реконструкцијата на Центарот за социјални работи.

 |  Валентина Нелоска  | 
rabota
работа

Денес започна реконструкцијата на Центарот за социјални работи. Членовите на Лајонс клуб Лихнидос,  обезбедија средства за Центарот да добие шалтерски систем  вели Сашо Здравески.

Saso ZdraveskiОхридскиот центар за социјални работи досега соработувал со невладини организации и граѓански здруженија во делот на стручната работа, но за прв пат се случува, материјални добра и услуги да се добијат  за реновирање и тоа од Лајонс клубот Лихнидос  објаснува заменик директорот на центарот Емилија Размоска.
Со шалтерскиот систем премногу ќе се олесни  работата на Центарот, а  ќе се подигне и нивото на услугите на корисниците. Нема да има потреба од бирократскиот систем, со чукање на од врата на врата,  на овој начин ќе ги доближиме нашите услуги до граѓаните додава Размоска.
Во охридскиот центар во моментов има евидентирани  814 семејства корисници на парична социјална помош појаснува Размоска. Мината година оваа бројка била околу 900 корисници, но строгите законски критериуми и сезонското вработување на корисниците во моментов се причината што оваа бројка е сега намалена. Сепак од Центарот очекуваат дека ќе има тенденција на зголемување на бројот на корисниците на парична социјална помош.
Инаку, Лајонс клуб – Лихнидос  за оваа и идната година има зацртано повеќе  плански активности. Откриваат дека во тек е подготовка на детска новогодишна престава под нивно покровителство. Собраните средства од преставата ќе бидат наменски  донирани  за набавка на наставни нагледни средства во  основните охридски училишта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top