Американскиот бизнисмен Стан Кронке денеска купи нов пакет акции на англискиот премиерлигаш Арсенал и со тоа продолжи да се доближува до моментот по кој може да стане сопственик на клубот од северен Лондон.

Одборот на Премиерлигата на Англија соопшти дека Кронке купил уште 20 акции на клубот за 170,000 фунти. Американецот, кој живее во Денвер, поседува 29,9 отсто од акциите на Арсенал, откако претходно во понеделникот купи уште десет акции на клубот.
Доколку Кронке успее да стигне до 30 проценти, тој може да направи официјална понуда за купување на Арсенал.
Овој американски милијардер е сопственик на американските Колорадо Рапидс, Денвер Нагетс и Колорадо Авеланш.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град