Лага ли е или вистина? Дисперзираните студии на економскиот факултет во Струга ќе профункционираат.
Оваа одлука е донесена утринава, откако и официјално ректорот на универзитетот Св. Кирил и Методиј пресечил дека сепак ќе се отворат долго најавуваните дисперзирани студии, иако претходно беа известени родителите и студентите дека истиот ќе започне со работа од следната година.
ТвМ дознава дека тој денес ги разгледувал просториите каде треба да се одржува настава. Уште веднаш ректорот ќе ангажирал лица за да го доуредат просторот, за по неколку дена да започнат со работа дисперзианите студии.
Оваа информација ја потврди и пратеничката Лилјана Затуроска, од редовите на Вмро Дпмне.
„Тоа е владина програма и ќе се реализира. За жал поради ненавремено обезбедување услови ќе биде со задоцнување но сепа ќе се стартуваат во првата недела од декември“-вели пратеничката Лилјана Затуроска.
Иако што веќе ТВм информираше, за навремено отварање на дисперзираните студии, спорни беа условите за работа. Од универзитетот кажаа дека покрај просторните услови, не им било финансиски исплатливо да доаѓаат до Струга за да одржуваат настава. Сигурно овие критериуми се исполнети, штом ректорот одлучи да стартуваат студиите, рече Затуроска.
Сега се поставува прашањето, дали ќе биде исполнет основниот услов за работа на дисперзираните студии, а тоа е бројот на студентите, бидејќи многу од нив најдоа друго решение.
„Поголем дел до студентите најдоа начин за да не ја загубат годината но се надевам тие што беа запишани во Струга ќе ја продолжат годината на овој факултет“-вели Затуроска.
Родителите запрепастени од оваа одлука. Велат Владата си игра со нас како што сака, а посебно со иднината на нашите деца. Поголем број од родителите го поделија истиот став, дека нивните деца веќе студираат на други факултети и нема да дозволат повторно некој да манипулира со нив.
Останува да видиме, дали навистина дисперзираните студии ќе профункционираат во Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град