Жителите во Октиси од Македонска вероисповед, правда околу изградбата на црквата св. Атанасија, ќе ја барат кај повисоки инстанци.
Жителите во Октиси од Македонска вероисповед, правда околу изградбата на црквата св. Атанасија, ќе ја барат кај повисоки инстанци.
Најавуваат обжалување на решението со кое беа стопирани градежните зафати на овој верски објект.
Тие денеска жалбата ја поднесоа до второстепена комија од каде се надеваат дека потрезвено ќе се разгледа документацијата и по истата праведно ќе се донесе пресуда. Додека е во тек жалбената постапка, на лице место, закани и препукувања, вели член од црковниот одбор. Ристе Станкоски во телефонскиот разговор за ТВ М открива дека она што беше започнато таму да се гради, некој го окорнал и уништил.
Станкоски вели дека од кога започна проблемите со изградбата на црквата, постојано до жителите со Македонска вероисповед и членовите на црковниот одбор од ова село има закани кои уредно се пријавуваат во МВР.
„Ние сме црковен одбор и немаме никава врска со партии. Но во овој случај моравме да побараме помош и од нив, вели Станкоски. За случувањата во Октиси запознаени се и пратениците од Вевчани и Враништа како и претседателот на ВМРО ДПМНЕ.
Инаку проблемите во Октиси започнаа пред десетина дена кога црковниот одбор од ова село реши да ја урне оштетената црква св. Атанасија, и на старите темели да ја возобнови. За овој зафат одборот имаше уредна документација, но изградбата на верскиот објект беше стопирана од страна на градежниот инспекторат, а по налог на градоначалникот на Струга, под образложение дека локалната направила грешка при издавањето на дозволата за градба и дека во договор со жителите од Македонска веросповед градбата ќе биде прекината.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град