Францускиот Висок суд ја сослуша жалбата на Флавио Бриаторе по повод одлуката на ФИА да го казни со доживотна забрана и одземање на правото да биде и менаџер на возачите кои досега ги застапуваше.
Францускиот Висок суд ја сослуша жалбата на Флавио Бриаторе по повод одлуката на ФИА да го казни со доживотна забрана и одземање на правото да биде и менаџер на возачите кои досега ги застапуваше.
Шест недели од сослушувањето, поточно на петти јануари 2010 година ќе биде издадена пресуда за случајот на поранешниот тимски шеф на Рено, кој на Михаел Шумахер и на Фернандо Алонсо им овозможи по две шампионски титули во Бенетон односно Рено, за време на 20-годишната кариера во октанскиот свет. Италијанецот верува дека ФИА организирала тајни средби пред вонредната седница на Светскиот совет за моторспорт и бара надомест од еден милион евра како морална отштета. Неговиот адвокат, Филип Украт изјавил дека тој си ја бара и својата слобода да прави што сака, бидејќи на овој начин му е загрозена и иднината како сопственик на фудбалски клуб во Англија.
Според некои извори, кон жалбата се приклучил и вториот казнет, Пет Сајмондс, кој призна дека разговарал со Пике околу можноста тој да излета, но тврди дека тоа била идеја на Бразилецот и дека тој е виновен што не го пријавил.
Сочувство кон казната на 59-годишниот Бриаторе претходно изразија Берни Еклстоун и Лука ди Монтеѕемоло, кои сметаа дека таквата казна е престрога.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град