Охридските угостители на врвот во Европа

Со сребрен медал се закити Средното Општинско Училиште „Ванчо Питошески“, на 22 от по ред натпревар по кулинарски вештини во организација на  Европската асоцијација на школи за хотелиерство и туризам.

 |  Николовска Биљана  | 
ucenik
ученик

Со сребрен медал се закити Средното Општинско Училиште „Ванчо Питошески“, на 22 от по ред натпревар по кулинарски вештини во организација на  Европската асоцијација на школи за хотелиерство и туризам.

угостителско училиштеЗа прв пат СОУ „Ванчо Питошески“, зеде учество на 22 по ред натпревар по кулинарски вештини со еден ученик претставник, придружуван од директорот на училиштето, Секула Баткоски. Годинава меѓународниот натпревар се одржа во Дубровник од 17-22 овој месец, во организација на Европската асоцијација на школи за хотелиерство и туризам, каде член е и нашето училиште. Околу 1000 претставници на разни земји од Европа ги покажаа своите кулинарски вештини, но ние навистина ги надминавме очекувањата освојувајќи го сребрениот медал, вели директорот Баткоски.
Присуството на натпревари од ваков ранг, за нас досега беше недостапно од финансиски аспект, вели Баткоски. Тој додава дека нашето  училиште преку овој успех одржа добра лекција на структурите на нашата земја. Баткоски рече дека после ова, министерството за образование и наука конечно треба да погледне во врвниот  резултат, со цел, во наредниот период да планира средства од буџетот за ваков докажан успех.
На среброто најмногу се радува најзаслужниот за наградата Христијан Петрушески од Велес. Тој за ТВМ изјави дека одбрал да учи келнер во Охрид, бидејќи според него тоа е најубавиот град во Македонија, каде и се докажал.
На меѓународниот натпревар во Дубровник, од Македонија учествуваа пет натпреварувачи. Од таму, големи се импресиите на Баткоски, посебно од тоа што, македонското знаме и име биле неселективно претставени пред целиот аудиториум.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top