Гаврилоска Цвета после 32 години мир, последниве две години се соочува со голем проблем.
Гаврилоска Цвета после 32 години мир, последниве две години се соочува со голем проблем. Таа за да влезе во својот дом од сите страни е обиколена во ѕидови и огради. Ја барам правдата, но безуспешно, додава таа.
Маките се по народот. Оваа мисла секојдневно е присутна меѓу луѓето, а воедно и најактуелна тема во јавноста. Цвета Гаврилоска две години живее обиколена со огради и ѕидови. Патот до влезната врата на нејзиниот дом за неа претставува секојдневен кошмар. Ми оставија место колку да можам да поминам, раскажува Гавриловска. 32 години, патот беше на општината и никој не ме консултира за да ме барикадираат, додаде таа. Гавриловска со кревко и нарушено здравје рече дека цел живот била жртва за семејството на сопругот, само да има соживот, но тоа и се вратило со лошо.
„Ја молам власта ако ја има да дојди на лице место, да видат каков е животот мој, на една жена со оболено срце, вдовица 12 години. Сите ме играат како сакаат, од сите страни сум потурната. Внук ми се подигрува со мене, носејќи ми полиција, а јас сум го гледала од 2 години за мајка му да оди на работа да печали пари“-вели Гаврилоска.
Гаврилоска рече дека нема врата каде не тропнала, каде не се обратила, но безуспешно. Поттурната сум од сите, вратите по инспекциските служби по се изгледа само за мене се затворени, додава таа. Каде е законот и дали тој за сите има исти аршин? – се прашува Гаврилоска.
Од општинскиот инспекторат, одговорниот Танас Танасоски вели, дека, познат му бил овој случај. Тој додаде дека инспекторатот има издадено решение за уривање на ѕидот за случајот на Цвета Гаврилоска, која живее на ул. „Ирена Гинова Мирка“,позади отпадот во Охрид, и веќе тој предмет е на списокот за рушење на дивоградби. Цвета Гаврилоска сеуште живее во надеж дека ќе се реши нејзиниот проблем и остатокот од животот ќе го помине спокојно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град