„Инвестирај во Македонија“-под ова мото се привлекуваат инвеститори во Македонија.
„Инвестирај во Македонија“-под ова мото се привлекуваат инвеститори во Македонија.
Бизнисмени веќе се заинтересиани да вложат во нашава земја, посебно за охридско-струшкиот регион.
Со овој слоган беше ансловена бизнис презентацијата која се одржа во Мелбурн, Австралија. Ова ќе биде мост помеѓу овие две земји, а една од главните причини е да се приближат странските инвеститори во Македонија. На презентацијата на програматана на која присуствуваа повеќе од 120 светски познати австралиски компании, бизнисмените пројавиле голем интерес за инвестирање во Македонија, посебно во Охридско-струшкиот регион, пренесува новинската агенција „Тоdаy“.
При средбата со светски познатиот шампион во голф, Иан Бејкер Финш, станало збор за изградба на голф терени во регионов.
Бизнисмените посебен интерес пројавиле за развој на туризмот во Македонија во соработка со туроператори од Австралија, наведува весникот. Се преговарало и со водечки авио превозници за можни директни летови до Македонија. Официјалното формирање на Австралиско-македонска Стопанска комора ќе биде почеток на нова поинтензивна соработка помеѓу Македонија и Австралија, се наведува во „Тоdey“.
„Ние сега правиме она што другите заедници го правеа веќе 20 години, а тоа е промовирање на својата држава во останатите, како атрактивна бизнис дестинација“- за ТВМ вели почесниот конзул во Перт, Зран Ќосески.
Мораме да си презнаеме дека досега не сме оствариле контакт, ниту пак било каква соработка со бизнисмени во Австралија, велат од Локаланта Самоуправа од Струга. Каква и да е инвестиција е добредојдена за Струга, стоиме на располагање за секаква соработка, додаваат од таму.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град