Комитетот за итни прашања при ФИФА го суспендира Ирак од меѓународни натпреварувања. ФИФА одлуката ја донела поради мешањето на властите во работата на Фудбалскиот сојуз на Ирак.
Олимпискиот комитет на Ирак на 16 ноември го смени раководството на Фудбалскиот сојуз, а официјални лица при владата на оваа земја ја превземаа контролата врз сојузот, поради сомнежи за финансиски малверзации.
ФИФА веднаш ги предупреди Ирачаните во рок од 72 часа да ја поништат одлуката за смена на раководството, а поради тоа што тоа не се случи, фудбалската репрезентација на Ирак е суспендирана од меѓународните натпреварувања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град