Обложувалниците го убиваат фудбалот

Полицијата во Германија и во неколку други неименувани европски земји, уапсила одреден број луѓе осомничени дека лажирале исход на неколку натпревари во големите фудбалски натпреварувања во Европа.

 |  Крсте Голабовски  | 
fudbal
фудбал

Полицијата во Германија и во неколку други неименувани европски земји, уапсила одреден број луѓе осомничени дека лажирале исход на неколку натпревари во големите фудбалски натпреварувања во Европа.

tabelaКанцеларијата на обвинители во бохум соопшти дека денешната акција била последица на истрагата која е спроведена на почетокот од годината а е покрената од страна на УЕФА.

Постојат сомнежи дека лажирањето на натпреварите ги организирала некоја меѓународна група, која наводно, ги подмитувала играчите, тренерите, судиите и официјалните лица во „високо котираните европски земји“ за да заработи пари на обложување.

Меѓутоа, не е соопштено во кои останати земји се случиле апсењата, ниту колкав е вкупниот број на уапсени лица. Се наведува дека во прашање е голем број апсења.

За утре е закажана конференцијата за новинари во Бохум.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top