Охридски Комуналец и ЕВН во војна

ЕВН при изведба на ископ за инсталација тотално го уништи дрворедот наспроти механизација на Комуналец обвинуваат од таму. Од ЕВН  велат дека се внимава при работата, но работите тргнаа по судските инстанци.

 |  Крсте Голабовски  | 
Сашо Алчев
Saso Alcev

ЕВН при изведба на ископ за инсталација тотално го уништи дрворедот наспроти механизација на Комуналец обвинуваат од таму. Од ЕВН  велат дека се внимава при работата, но работите тргнаа по судските инстанци.

Затрупан дрворед. На ул. АСНОМ кај познатата 110 целосно уништена е зелена површина. Според раководниот тим на паркови и зеленило во ЈП Охридски Комуналец, направена е огромна штета врз зеленилото, поточно целиот дрворед настрадал од ископините на инвеститорот за потребите на ЕВН од електрична инсталација. Раководителот на паркови и зеленило Вера Оравник вели дека со овој потег на инвеститорот воопшто не се запазени пропишаните нормативи за ваков случај.
Голем е револтот и кај првиот човек на комуналец Сашо Алче. Тој го подржува ставот на раководителот на паркови и зеленило. Алче рече дека ги запознал надлежните со проблемот, ги превзел сите мерки, бидејќи според него недопусливо е дрворед кој се одржува три години од нивна страна некој со непрофесионални ископи да го уништи.
Од општинскиот комунален инспекторат велат дека направен е увид, и констатирано е дека ЕВН има дозвола за ископ од два сектори, од урбанизам и од Агенцијата за патишта. Раководителот Танас Танасоски рече дека согласно законот за прекопи направен е записник
Од секторот за урбанизам Бранко Арнаудов, рече дека има издадено дозвола, кон која ЕВН треба строго да се придржува на условите на законот за прокопи. Не е законски да се уништуваат дрвата, туку да се одбегнат доколку наидат на истите.
ЕВН и Охридски Комуналец ги заострија и онака разнишаните односи и засега нема индиции за надминување на тензичните состојби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top