„Сопствениците на шанкови имаат целосна документација за истите, поради тоа ние се оградивме од рушењето “, вели градоналалникот Петрески.
Министрвото за транспорт и врски пресече. Нема концесија за Сараиште , нема шанкови. Натегањата кои подолго време се водеа помеѓу месното население, локалната самоуправа и министерството, завршија во корист на граѓаните. Познато е дека Министерсвото за транспорт се откажа од издавањето на овој атрактивен дел од Охрид под концесија, под услов шанковите кои се таму да се отстранат. Акцијата за рушење на истите денеска ја спроведе државниот инспекторат за градежниество и урбанизам, по налог од министретвото за транспорт и врски.
„Дали денешната акција е услов или освета, не знам и не сакам да коментирам“, вели градоначалникот Александар Петрески.
Градоначалникот појасни дека локалната веќе има план за тоа како треба да изгледа потегот од градското пристаниште до Канео, а во него влегува и Сараиште. Има проект преку кој овој атрактивен дел од Охрид, треба да се уреди, вели градоначалникот.
Петрески тврди дека потегот до Сараиште локаланата ќе го уреди до почетокот на туристичката сезона. Според првиот човек на Охрид, шанкови на овој потег нема да има, но маси и лежалки може да бидат поставени, затоа што тоа го бараат граѓаните и туристите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град