Македонија во земјоделството ги применува законите донесени според европските директиви. Фитосанитарната политика на земјава ја уредуваат три закони,изменети и дополнети во текот на оваа година, Законот за здравјето на растенијата, законот за производи за заштита на растенијата и законот за ѓубрива.
„Заштитата на растенијата е неминовна агроехничка мерка и претставува еден од најважните работни процеси кај сите земјоделски култури. Директно од неа зависи квалитетот и квантитетот на еден земјоделски производ, но и економичноста и рентабилноста на земјоделското производство во целина“, вели министерот за земјоделие Љупчо Димовски.
„Во заштитата на растенијата треба да користиме алтернативи за да имаме биолошка ефикасност и да бидат поевтини и поздрави за конзумирање. ЕУ од 1991 до денеска сеуште не ја има изготвено листата на препарати кои дефинитивно ќе бидат внесени како препарати кои треба да се употребуваат“, вели фитопатологот д-р Бранко Балтовски.
„Од Законите донесени според европските директиви започнавме со имплементирање на првиот анекс, а тоа подразбира дека се употребуваат препарати пуштени во промет на ЕУ“, вели м-р ментор Зекири, директор на фитосанитарна управа, при министревото за земјоделство, шумартсво и водостопанство.
Инаку денеска во Охрид се одржа 34 тото традиционално советување за заштита на растенијата, во организација на здружението за заштита на растенија во Р Македонија во соработка со министерството за земјоделство , шумарство и водостопанство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град