Изговорите од типот, да оставиме за друг ден, или несмеам да го дадам мобилниот телефон на одговорните, нималу не кореспондираат кон она на што се стреми Македонија-транспарентност за влез во ЕУ.
Состојбата во некогашниот стопански гигант – ЕМО, алармантна. Неисплатените четири плати од минатата година, вработените му ги простија на претпријатието со надеж, годинава да тргне работата. Но се повторува лошата слика.
Вработените кои не сакаа да говорат пред објективот на нашата камера, плашејќи се да не ја изгубат работата се пожалија дека последна плата им била исплатена за месец јули годинава, без социјални придонеси. Велат, дека приватно ги плаќаат здравствените услуги бидејќи немаат сини картони. Исто така јавно запрашаа каде е законската регулатива за бруто плата која има предвидено блокирани сметки доколку навремено не се подмират придонесите и персоналниот данок. Во ЕМО дел од вработените се пуштаат на 70%, а од друга страна имало и нови вработувања, обвинуваат дека фирмата за некого е мајка за некого маќеа.
Каде е тука УЈП велат дел од вработените која во ваков случај треба да ги блокира сметките. Од регионалната дирекција на УЈП Битола, ни кажаа дека не располагаат со конкретни податоци по ова прашање и тоа не само за ЕМО туку воопшто за фирмите во Охрид.
Во интерес на вистината што се случува во овој стопански гигант стапивме во контакт со дел од раководниот тим на ЕМО. Во првичен контакт со Мирче Мандулоски уредно најавивме дека бараме одговор на она на што се пожалија вработените. Ни одговори да се јавиме за еден час со цел да набави информации што ни се потребни, за да после тоа се по се изгледа се попишмани и не беше достапен. Лицето со кое контактиравме ни рече дека не било нож до коска и во некоја друга прилика да го побараме, а телефонскиот број од неговиот мобилен имала забрана да го даде. Останува дилемата дали навистина во ЕМО работата не е нож до коска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град