Ова е констатација на претставниците експерти од Словачка, изнесени на завршната конференција, за поддршка на регионалниот и локалниот пазар на труд.
Словачка и помага на Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ преку проектот „Преглед на Националната легислатива за вработување. За таа цел, денес и утре се одржува завршната конференција за поддршка на регионалниот и локалниот пазар на труд, на која учествуваат јавни институции, приватниот сектор и НВО.
Експертите од Словачка, овие два дена во Охрид, треба да постигнат трансфер на нивното искуство и знаење, врз претставниците од двата пилот региони Охрид и Скопје, како би се обезбедило стабилност на системот и би се воспоставиле долгорочни партнерства на локално и регионално ниво. Роберт Кимаг од амбасадата на Словачка, потенцираше дека соработката помеѓу малите земји е најважна за успех.
Кимаг како важен сегмент во имплементацијата на ЕУ политиката на вработување, рече дека, во моментов парите не се важни, потребно е што повеќе идеи и превземање активности кон проектите за вработување.
Проектното партнерство го сочинуваат Регионалната развојна агенција Сенец-Пезинок од Словачка страна, и три македонски партнери, Министерството за труд и социјална политика на Р Македонија-Сектор за Труд, одделението за социјално партнерство Скопје, ЗЕЛС, и Охрид, секторот за туризам и локален економски развој.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град