Спортско рекреативен комплекс ќе се гради во Чекоштина

Современи терени за фудбал и ракомет, базени од отворен и затворен тип, детско игралиште и трим патеки се зацртани во предлог планот на овластените  планери за урбаната зона 18  за Чекоштина.

 |  Валентина Неловска  | 

На влезот од градот покрај овие терени за спортување, се планира сопствениците на парцелите да профитираат со изградба на мали сместувачки капацитети  истакна Соња Филдишева овластен планер АД „Урбан“. 


Планерите  го ставија на јавен увид предлог планот кој предизвика интерес кај сопствениците на парцелите во овој дел на градот. Тие упатија голем број прашања до овластените планери, се слушнаа и повеќе  критики. Некои од сопствениците , од еколошки аспект, се интересираа како е можно да  се гради спортски комплекс во непосредна близина на петља.
Овластениот планер од АД „Урбан“ ,Соња Филдишева појасни дека за спортскиот комплекс е предвиден зелен појас од 20 метри и дека за терените  имаат согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Граѓаните кои парцелите си ги повратиле со денациоализација, стравуваат да не ги изгубат истите,доколку овој простор се прогласи за  јавен интерес. Имаше прашања  кои се однесуваа за  патната инфраструктура, а  одговорот беше дека тоа ќе биде работа на локалната самоуправа. Јавната анкета по  Предлог планот за Чекоштина  ќе трае до 20 ноември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top