Во државава има бруцелоза, но има и лек за тоа

Ветеринарните служби веќе година иполовина превземаат мерки да се намали бројот на заболени од оваа болест.

 |  Билјана Колоска  | 

Во Македонија алармантна состојбата со бруцелозата. За триесетина години во државава се евидентирани 11 164 заболени. Годишно во земјава се регистрираат и до 500 нови заболени лица. Оваа бројка реално е голема  и загрижувачка,  велат стручните лица. Бруцелозата е болест која се пренесува од животните на луѓето. Скоро 60% од населението се заразува од бруцелоза преку  конзумирање продукти, додека 40% како резултат на близок контакт со животните, велат експертите.
Ако ветеринарните служби не реагираат навреме, секоја година ќе се зголемува бројот на заразени од бруцелоза. Тие треба да интервенираат да ја спречат евентуалната појава на оваа болест, со вакцинирање и редовни контроли, велат странски експерти. За тоа зборуваат фактите на состојбата во Шпанија.


„Додека не превземавме ништо, Во Шпанија имаше 40 илјади заболени лица од бруцелоза. По вакцинирањето состојбата се промени. Затоа на сите држави им го препорачувам тоа“-вели Јозе М. Бласко, од Институтот за стратегии за контрола и уништување на инфеции кај мали преживари-Шпанија.
Македонија но и останатите европски земји треба да земаат пример од Америка, како тие ги надминуваат проблемите со бруцелозата.
Таму речиси во целос е надмината бруцелозата.
„Вакви резулатати имаме во САд бидејќи реализиравме програма. Започнавме со вакцинирање, редовно контролирање, но и колење на животни. Искоренувањето на бруцелозата е програма која чини многу пари“-вели Пол  Николети, експерт по бруцелоза во САД. Тој им препорачува на останатите земји да го практикуваат тоа.
Македонија, веќе извесен период ги следи стапките на странските земји.
„Веќе година ипол се вакцинираат животните.
Резултатите од вакцините но и останатите мерки кои ги превземаме донесуваат позитивни резултати. Бројката на заразени од бруцелоза е намалена на половина од горе наведениот податок“-истакна Дејан  Рунтевски, директор на Управа за Ветерина.
Состојбите, искуствата како и мерките кои се превземаат во државите беа разменети на денешната Меѓународна Конференција „Бруцелозата во Југоисточна Европа и Медитеранот . На неа присуствуваа околу 100-тина делегати од повеќе од 20 земји.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top