Урбаната политика на Охрид – хаос

Со новите измени на законот за просторно и урбанистичко планирање,  не само што се олесна постапката за добивање дозволи за градба туку се дефинира и ставот на локалната самоуправа.

 |  Николовкса Биљана  | 
zgradi
згради

Со новите измени на законот за просторно и урбанистичко планирање,  не само што се олесна постапката за добивање дозволи за градба туку се дефинира и ставот на локалната самоуправа.

Со новите ингеренции, советниците одлучуваат кој ќе добие локална урбанистичка планска документација со која може да се врши уредување и користење на просторот со определување на градежна парцела во и вон плански опфат.

Наезда на урбанистички планови. На неодамна одржаната девета седница на советот на општина Охрид, советниците во еден здив дадоа зелено светло по однос на дваесетина точки од урбаната сфера. Имено, во истите на дело се применаа новите измени на законот за просторно и урбанистичко планирање каде законот предвидел, за градби со намена домување во станбени згради процентот на изграденост треба да изнесува 70%, а висината на градбата треба да изнесува најмалку 25,2 метри, за за градежни парцели со површина поголема од 1000 м квадратни треба да изнесува најмалку 30 метри. Со овие измени зградата кај старата автобуска станица, законски доби дополнително градба на спрат, плус поткровје. Познато е дека за изградба на тој стамбен комплекс години наназад се водеше битка. Јавноста и жителите на Охрид вршеа огромен притисок во интерес на јавното добро, со цел да не се барикадира тој простор со бетонски ѕидови. Исто така познато е дека за време на мандатот на градоначалникот Никола Наумов овој план не бил донесен, поради висината комплексот, вели Ванчо Огненов, кој додаде дека со доаѓањето на власт на актуелниот градоначалник Александар Петрески истиот бил усвоен и изгласан од страна на тогашниот состав на советот на општина Охрид.

zgradiОчигледно, новите измени на законот за просторно и урбанистичко планирање, повторно ja разбранува целокупната јавност. Дејан Паноски како советник во новиот состав на советот на општина Охрид вели дека реагирал и ќе реагира во интерес на јавното добро. Тој додава дека стравува од новиот закон за градба, кој овозможува поголем либерализам и ингеренци на локалната.

Од локалната самоуправа најодговорниот планер од секторот за урбанизам, раководителот Бранко Арнаудов вели дека постапува согласно законот, што не е воопшто спорно. Се наметнува прашањето во случајот со стамбениот комплекс кај старата автобуска станица? Од каде произлегува ставот на локалната самоуправа да не се оди минимум со 25,2 метри согласно законот, туку во одобрението на локалната во предвид за најголема висина земена е П+5, плус поткровје. Зошто одговорните од секторот за урбанизам во интерес за заштита на градов не  завзедеоа став тој комплекс да си остане таков како што е. Сепак треба да се имаат во предвид сугестиите на добрите познавачи на градежништвото кои стравуваат дека со надградбата над станбените комплекси се става бомба врз главата.

Со новите измени на законот за просторно и урбанистичко планирање,  не само што се олесна постапката за добивање дозволи за градба туку се дефинира и ставот на локалната самоуправа.

Со новите ингеренции, советниците одлучуваат кој ќе добие локална урбанистичка планска документација со која може да се врши уредување и користење на просторот со определување на градежна парцела во и вон плански опфат.

Наезда на урбанистички планови. На неодамна одржаната девета седница на советот на општина Охрид, советниците во еден здив дадоа зелено светло по однос на дваесетина точки од урбаната сфера. Имено, во истите на дело се применаа новите измени на законот за просторно и урбанистичко планирање каде законот предвидел, за градби со намена домување во станбени згради процентот на изграденост треба да изнесува 70%, а висината на градбата треба да изнесува најмалку 25,2 метри, за за градежни парцели со површина поголема од 1000 м квадратни треба да изнесува најмалку 30 метри. Со овие измени зградата кај старата автобуска станица, законски доби дополнително градба на спрат, плус поткровје. Познато е дека за изградба на тој стамбен комплекс години наназад се водеше битка. Јавноста и жителите на Охрид вршеа огромен притисок во интерес на јавното добро, со цел да не се барикадира тој простор со бетонски ѕидови. Исто така познато е дека за време на мандатот на градоначалникот Никола Наумов овој план не бил донесен, поради висината комплексот, вели Ванчо Огненов, кој додаде дека со доаѓањето на власт на актуелниот градоначалник Александар Петрески истиот бил усвоен и изгласан од страна на тогашниот состав на советот на општина Охрид.

Очигледно, новите измени на законот за просторно и урбанистичко планирање, повторно ja разбранува целокупната јавност. Дејан Паноски како советник во новиот состав на советот на општина Охрид вели дека реагирал и ќе реагира во интерес на јавното добро. Тој додава дека стравува од новиот закон за градба, кој овозможува поголем либерализам и ингеренци на локалната.

Од локалната самоуправа најодговорниот планер од секторот за урбанизам, раководителот Бранко Арнаудов вели дека постапува согласно законот, што не е воопшто спорно. Се наметнува прашањето во случајот со стамбениот комплекс кај старата автобуска станица? Од каде произлегува ставот на локалната самоуправа да не се оди минимум со 25,2 метри согласно законот, туку во одобрението на локалната во предвид за најголема висина земена е П+5, плус поткровје. Зошто одговорните од секторот за урбанизам во интерес за заштита на градов не  завзедеоа став тој комплекс да си остане таков како што е. Сепак треба да се имаат во предвид сугестиите на добрите познавачи на градежништвото кои стравуваат дека со надградбата над станбените комплекси се става бомба врз главата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top