Од картони и дрва е изграден домот на едно струшко семејство. Додека едни граѓаните се мислат дали огревните дрва ќе им се доволно за да го поминат зимскиот периот, Емин Абас и Зурка Ибраими се плашат дали ќе ја преживеат и оваа зема. Имаат покрив над глава колку да не спијат под ведро небо. Мајката и синот години наназад се соочуваат со овој проблем.
„Немаме основни услови за живот, ниту пак тоалет. Во ваква состојба живееме веќе 8 години“-вели Зурка Ибраими.
При врнежливо време, Емин и Зукра по дома се шетаат облечено со чизми. Вода ни тече од сите страни, раскажуваат тие. Во вакви услови незнам до кога може да живееме, посебно ме загрижува здравствената состојба на мојот син, раскажува мајката. Единственото дете на Зукра е инвалидизирано лице и со пречки во развојот. Пред извесен период тој боледуваше од хепатит А.
Но тоа не е пречка тој да се бори за егзистенција. „Работи за дома да донесе некој денар,низ солжи раскажува мајката на Емин.
„Цепам дрва, што било да се работи, само да заработиме некој денар“-вели Емин Абас)
Жалосно е да се гледа како живее ова двочлено чесно семејетво, вели Симе Гарданоски. Често со моите другари им излегуваме во пресрет, потенцира тој.
„Го викаме кога нешто имаме работа, ни помага. Тогаш му даваме по некој денар, во никој случај не ги сака парите ако нешто не сработал“-истакан Гарданоски.
Зукра дома носи пари од питачење. „Не се срамам да го признаам тоа, подобро да просам од колу да крадам“, вели таа. Се обративме секаде, сите и затвараат врати, додаде соговорникот.
Единствено, финансиски средства ова семејство добиа од Центарот за Социјални грижи како и пензија која му следува на Емин.
Тие не се надеваат дека некој ќе им излезе во пресрет, но како што велат секоја помош би им била добредојдена.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град