Ниту рецесијата, ниту долгиот период на транзиција, не ја поколебаа волјата за штедење кај граѓаните на Охрид.
Граѓаните на Охрид имаат долга традиција на штедење, која не била прекината и нарушена и во најтурбулентните времиња. Постојаниот пораст на депозитната база кај двата пазарни сегменти – населението и правните субјекти, укажува на лојалноста на граѓаните кон банката како институцијата. „Парите, доколку ги има се разбира дека се за во банка, а не за под перница“, коментираат граѓаните.
Со состојбата од 30.09 2009 год. вкупните депозити на на државно ниво, само во Охридска банка АД Охрид, изнесуваат 4,85 милијарди денари (или околу 79 милиони евра). Притоа 2,1 милијарди денари (односно 34,7 милиони евра) изнесуваат штедните влогови на охриѓани. Од аспект на валутната структура позначајно е учеството на девизни во однос на денарски депозити, а во рамки на девизните депозити најзастапени се депозитите во евра.Според нашите анализи, износот на вкупните депозити во банката нема значајни осцилации во подолг период. Што значи депозитната база е стабилна и бележи перманентно зголемување, вели Вецко Симјаноски, дир. на филијала во Охридска банка.
Релативно нов и најатрактивен производ во доменот на штедењето, во рамки на понудите на Охридска банка е „Депозит прогрес“. Тоа претставува тип на депозит кој е адаптиран на потребите на клиентите за краткорочно или долгорочно штедење. Имено, тие можат да одлучат на колкав период ќе штедат, дали на 6, 12, 18 или 36 месеци. „Најголема поволност за клиентите е тоа што, доколку имаат потреба од своите средства пред истекот на максималниот рок на кој се орочени средствата, можат слободно да си ги подигнат средствата, а притоа да ја добијат пресметаната камата до периодот на подигнување на депозитот“, вели Симјаноски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град