Ставот на градоначалникот Петрески, дека ЈП „Охридски Комуналец“треба да се дели согласно законот за Јавни претпријатија, дојде на ред на денешната седнца на Советот.
Поделбата на комуналец предизвика револт кај дел од советниците.ЈП „Охридски Комуналец“, како едно претпријатие сосема е доволно за потребите на охриѓани, смета Борис Стефаноски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Поделбата на истото на 5 сегменти би било создавање на дополнителни трошоци, кои секако би удриле по џебот на граѓаните, додава тој. Стефаноски илустративно посочи што се изискува оваа одлука. Пет претпријатија бараат исто толку раководни функции, луксузни возила и се останато, што би чинело само расфрлање на и онака скромните средства на буџетот на Локалната. Стефановски крева рамена и вели дека немоќни се да го спречат изгласувањето на оваа точка бидејќи Петрески мора да го исполни ветеното.
Петрески овие обвинувања ги отфрла и вели дека се чисти шпекулации. Тој им порача на советниците од ВМРО ДПМНЕ добро да ги протолкуваат законите, кои ги носат парламентарците на централно ниво.
Дискусија не вроди со плод. Одлуката за поделба помина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град