Продолжение на 9-та седница на советот на општона Охрид

Животнатната средина на маргините. Реализацијата на програмата на оваа сфера секоја година се препишува и досега ништо конкретно не се остварува, обвина денес советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на деветтата седница.

 |  Билјана Николоска  | 

Градоначалникот Петрески со став дека овој револт е свесно одење сами против себе.
Големо незадоволство од реализацијата на програмата за животна средина, изразија денес советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие на деветтата седница на советот на општина Охрид беа воздржани по оваа точка. Имено координаторот на советничката група Борис Стефановски, порача да се прекине со практиката на препишување на точките, кои цели три години исто гласат. Тој додаде дека во Охрид ништо не е реализирано од програмата наменета за заштита на животната средина, а како специфично подрачје треба да му се посвети многу поголемо внимание. Стефановски потенцираше дека не држат оправдувањата на градоначалникот Петрески.


Според Петрески програмата за реализација на заштита на животната средина е реален приказ на состојбата во оваа сфера. Секое контрирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ е свесно одење сами против себе, смета Петрески.
Од стручниот тим на локалната задолжен за увид на состојбите во екологијата велат дека сеуште има време за дореализација на зацртаните проекти.
Дали ќе се направи нешто конкретно на полето на заштитата на животната средина, посебно за заштита на Охридското езеро останува да видиме. Крајот на годината е последниот рок за дореализација на годишната програма. Останува само уште еден месец за преземање конкретни мерки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top