Квартален извештај за ЛЕР

Кварталниот извештај од секторот за локален економски развој со многу пропусти, обвинуваат советниците од ВМРО ДПМНЕ. И покрај недостатоците – ЛЕР доби амин од советниците. Извештајот помина кај нив.

 |  Татјана Маленкова  | 

Во извештајот на Секторот за локален економски развој наведени се проекти на кои се работело, а никаде нема информација до каде е реализацијата на тие проекти, обвинија денеска советниците од ВМРО ДПМНЕ.
„Јасно се гледа дека многу проекти се наведени само колку да ги има. Зошто одсуствуваат проекти од ИПА фондовите“, се запрашува советничката од ВМРО ДПМНЕ,Јованка Дамевска.
„Се сложувам дека програмата на секторот за локален економски развој не е во ред, но треба да имаме во предвид дека неа ја донесе минатиот совет“, рече советникот од СДСМ Томислав Тунтев.

„Во суштина не коментирам политички изјави. 90 насто од денешните обвинувања, се депласирани и не држат место. Како што се реализира програмата така го даваме извештајот, вели раководителот на Секторот за ЛЕР, Гоце Симоноски.
„Во овие 4 месеци обезбедивме вработување на 60 лица преку проект кој го работевме со агенцијата за вработување на Р Македонија. Сме изготвиле проектни предлози за OBSE, UNDP.  Ние сме администрација која работиме за градоначалнико“, вели Симоноски.
Симоноски додава „Тврдам дека имаме сработено многу повеќе од програмата која ја зацрта советот.Ако финансиски се проаналаизира  ќе видите за нашата работа беа предвидени смешни 3 милиони денари. Ние реализиравме некаде околку 40 насто од буџетот, а имаме обезбедено донации од околу еден и пол милион евра, вели раководителот на ЛЕР.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top