Како најзначаен документ за општината, согласно законските пропоиси, во текот на годината, по однос на буџетот се изготвуваат квартални извештаи. Истите советот ги разгледува и го доставува до Министерството за финансии, каде се прати неговото остварување. Завршно со третиот квартал остварувањето на буџетот во Охридската општинска каса се движи околу 327 604 374ден. или 57,42%, од предвидените 570 509 974 ден. Доколку процентот на остварување варира со 5%, без разлика дали се работи за дефицит или суфицит во буџетската каса, ребалансот е неизбежен. „Од досегашните согледувања, ребалансот ќе биде неопходен, Нашите согледувања најавуваат дека ќе биде потребно да се направи ребаланс, каде ќе треба да се намалат одредени ставки согласно динамиката на остварување. Во досегашните остварувања имаме добри остварувања во даноците, даночните приходи се остваруваат добро, меѓутоа има потфрлање во делот од капиталните средстава, каде што одредени средства беа предвидени да се слеат во општинската каса од продажба на државно земјиште, вели Ацо Китрозоски, раководител на одделот за финансии и буџет при Општина Охрид.
Ваквата состојба се појавува поради фактот што изградбата на предвидените хотели и сместувачки објекти во делот кај Св. Стефан, не се реализира, така да тука се појави малку поголемо отстапување. Доколку продолжиме со оваа динамика, во мал процент сепак сметам дека ребаланс на буџетот ќе биде неопходен, вели Китрозоски.
Вината за ваквата состојба паѓа на грбот на неодговорното работење на Општината, се погласно коментираат граѓаните на Охрид. Се надеваме дека наредната година оваа грешка, нема да се повтори велат тие. Одговорните пак со став: „донесувањето на буџетот е комплексна постапка. Тој се носи во повеќе фази. Започнува со добивање на циркулар од Министерството за финансии. Опфаќа јавни дебати, стратегии нацрт програми односно се она што е потребно за да се донесе квалитетен буџет. Како збир на активности ќе заврши со седницата пред 31 декември ќе биде донесен и изгласан буџетот за 2010 год“. Останува да видиме дали буџетот ќе биде реален па ќе ги задоволи потребите на општината.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град