Задолжителна зимска опрема за возачите

Од 15 ти ноември годинава па се до 15 ти март наредната година, возачите на сите моторни возила задолжително треба да ја поседуваат пропишаната зимска опрема синџири.

 |  Билјана Николоска  | 

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски во интерес на возачите, а пред се заради одбегнување на соодветните санкции, укажа на големата потреба за почитување на оваа законсака одредба.

Секој возач задолжително треба да знае како се местат синџири. Тоа не е тешко, велат од Здружението на возачите на Охрид.
Здружението на возачите Охрид во соработка со СВР Охрид ќе вршат задолжителна контрола и на длабочината на шарите на пневматикот по обем и широчина. Истата за зимска употреба мора да изнесува најмалку 4 мм и на возилата не смеат да се поставуваат пневматици со клинци. Секој прекршител на одредбата за користење на зимска опрема доколку  не ја почитува следува казна од 15 евра во денарска противвредност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top