„Децата на Сонцето“ пред охриѓани

Со најновата монодрама „ Децата на Сонцето“, авторот и актерот Петар Темелкоски, пред охридската  театарска публика, вечерва  ќе даде одговор на прашањето кои сме, од каде сме и како функционираме денес.

 |  Валентина Нелоска  | 

Директна инспирација за оваа монодрама се посланијата на Свети  Апостол Павел од Новиот завет упатени до Солунјаните, Македонци вели Петар Темелкоски. Таму стои „ Вие сте децата на светлината, никогаш нема да бидете во темница. Вие сте децата на светлината и денот. Благодарен сум од Вас Македонците  од каде одекна словото Господово и се пренесе насекаде во светот “ објаснува Темелкоски.

Монодрамата е подарок за љубителите на театарот од Центарот за култура „Григор Прличев“ и Фестивалот Охридско лето. „Децата на Сонцето“  е вториот проект на Петар Темелкоски по монодрамата Филип 2.      Оваа престава пред охриѓани беше изведена вон летната сезона, а потоа најде место и во рамките на годинешниот фестивал Охридско лето вели директор на Охридско лето, Тони Симоноски.
Додава се размислува и „Децата на Сонцето“ да има слична  изведба. На монодрамата „Децата на сонцето“ работев седум месеци вели Петар Темелкоски. Досега преставата имала изведби во Скопје, Кавадарци и Велес. По изведбата во Охрид ќе следуваат престави и во Куманово и Крушево. Асистент на претсвата е Самоил Стојановски, а сценографијата на Тихомир Стиловски. Преставата започнува во 19 часот, а влезот за посетителите е слободен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top