„Се прават напори да се изнајде нечин тие да добијат барем сини картони“, вели Рамис Мерко. За случувањата во Проаква, денеска разговаа градоначалникот на Струга и првиот човек на МЈП Бранислав Трпчевски.
Проблемите во Проаква причина за средба на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко И првиот човек на МЈП Бранислав Трпчевски.
Седиштетео на Проаква е во Струга и затоа овде се бара и решението на ново настаната ситуција, вели Мерко. „Се направи еден вакум во исплатата на две плати, поради тоа што минатат година ЕВН ни одзеде над 2 милиони евра, наследен долг од пред 10 години. Во моментов проблем не се само платите, приоритет според нас се сините картони за вработените“, вели градоначалникот Мерко.
За вработените да добијат барем сини картони постојано преговаат министерот и неговиот заменик за финансии,претседателот на бордот на фондот за здрвство, како и претставници од МЈП. Се прават напори на вработените да им се исплати она што го сработиле, вели првиот човек на Проаква.„ Апсурд е сите Јавни организации да ни должат нам три пати повеќе отколку нашиот месечен долг кон фондот за здрвство“, додава Трпчевски.
Девет месечниот извештај на МЈП покажува дека ние имаме околку 40 милиони денари трошок за одржување на колекторскиот систем . Овие средства се исклучиво на товар на Проаква. Напоменувам дека освен нас, треба и државата да си си ги превземе своите обврски во делот на трошоците оклолу одржувањето на системот, додава Трпчевски.
„Морам да се повикам на законот за територијална реорганизација на Македонија, додава тој.
Во овој период приоритет е здравственото осигурување на вработените. Ние не бараме да не платиме туку бараме да најдеме форма да се исплатат придонесите за здрвствено осигурување до 31.12 2009 год. како една форма, во законот за плати, вели Трпчевски. Ќе направиме се вработените да ги добијат и заостанатите плати, додава првиот човек на Проаква.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град