Во охрид нема случај на лице заболено со вирусот АХ1Н1

Епидемијата која владее во нашето соседство, се надеваме дека ќе не одбегне, меѓутоа превентивно ги превземаме сите мерки за заштита, велат од охридскиот Завод За Здравствена Заштита.

Atanasko
Атанаско

Епидемијата која владее во нашето соседство, се надеваме дека ќе не одбегне, меѓутоа превентивно ги превземаме сите мерки за заштита, велат од охридскиот Завод За Здравствена Заштита.

Превентивните мерки се засилени и на аеродромот СВ. Апостол Павле.
Епидемија на новиот вирус АХ1Н1 ппрогласена во нашето најблиско соседство. Дека ние ќе бидеме исклучок, можеме само да се надеваме, велат од ЗЗЗ од Охрид. Досега работевме активно, превземавме комплетни превентивни мерки, а одсега истите дополнително ќе бидат засилени. Резултатите покажуваат дека досега добро се справуваме со налетот на заболени, но не можеме истото да го предвидиме и за понатаму. Очекуваме дека бројката на заболени брзо ќе се зголеми, но се надеваме дека успешно ќе реагиреме и во иднина. Многу е важно граѓаните да не чекаат првичните симптоми да ескалираат во потешка состојба, туку веднаш да побараат лекарска помош, вели Атанаско Михаилов, дир. на охридскиот ЗЗЗ.

„Една од препораките прво и основно, да не чекаат граѓаните да се појават многу изразени симптоми, туку уште на самиоот почеток да се јават кај својот матичен лекар., да се направат испитувања, да започнат со терапија. Таа е точно однапред предвидена, а лекарската служба е добро обучена, така да несаканите проблеми ќе се избегнат уште на самиот почеток,“ изјави Атанаско Михаилов.

logoРепубличкиот комитет за справување со пандемиски грип најавува одредени правила за справување со појавата. Доволна количина на маски, средства за дезинфекција, доволна количина на лекот Тамифлу, се прават крајни подготовки за вакцинирање на населението. Истото ќе се врши на повеќе пунктови во градот. Во планот справување со пандемијата, точно се определени пунктовите на кои ќе се врши вакцинирањето, определени се екипите, тоа се тимови од три лица – лекар, техничар и администратор. На ниво на Охрид се предвидени 6 екипи. Подготовките кои ги превземаме замаат и поголем опсег, односно се превенира уште на самите гранични премини, посочува Михаилов.

„На граничните премини им се делат ракавици и заштитни маски на вработените, се трудиме да превенираме пандемијата од надвор да не се пренесе и кај нас,“ додаде Михаилов.

Во рамки на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, превентивни мерки се превземаат уште од 25ти април.
Дополнително, заштитата се засилува, велат одтаму.

„На двата аеродромски влеза, поставени се дополнителни средства за дезинфекција, исклучително се контролира влезот на секое лице со намера да не се случи влез на заболен патник,“ потенцира Д-р Лидија.

Во последните 24 часа регистрирани се 13 лица позитивни на новиот грип од типот А (Х1Н1). Вчера се прегледани 63 сомнителни пациенти за кои се чека лабораториска потврда дали се заболени, со што бројот на позитивни случаи моментално изнесува 107 лица. Според последните анализи на Комисијата за пандемски грип , околу 68 отсто од заболените лица се на возраст од 10 до 25 години, процентот во однос на заболени мажи и жени е речиси ист, 85 отсто од позитивните случаи се од Скопје, вкупно 34,6 отсто се ученици, а најголем број пријави за сомнителни случаи се забележани минатата недела. Вкупно 28 случаи од заболените не дале податок дека биле надвор од Македонија, а тие што потврдиле најчесто биле на пат во Турција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top