Раководството на Челзи најави можност да го продаде името на стадионот Стемфорд Бриџ.
Иако сопственикот на лондонскиот клуб Роман Абрамович е еден од најбогатите луѓе на светот, финансиската криза не го заобиколи ни Челзи. Поради ова, се размислува за продажба на името на стадионот.
“Продажбата на името на некој спонзор би му донела на клубот голема финансиска добивка. Сеуште не сме донеле конечна одлука, но размислуваме за тоа”, најави извршниот директор на клубот.
Стадионот моментално има капацитет од 42.055 гледачи и има пет ѕвездички според категоризацијата на УЕФА. Изграден е во 1876, а до сега е два пати реновиран.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град