„Race of Champions“ не донесе разочарување

Спектаклот во пекингшкото „Птичјо гнездо“ не разочара. Настанот под наслов „Race of Champions“ ни донесе навистина возбудливи трки и по некој сркшен болид, а најголемите мајстори од светот на автомото спортот навистина се забавуваа.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
lого

Спектаклот во пекингшкото „Птичјо гнездо“ не разочара. Настанот под наслов „Race of Champions“ ни донесе навистина возбудливи трки и по некој сркшен болид, а најголемите мајстори од светот на автомото спортот навистина се забавуваа.

pobedniciИмено, на едниот од најголеми автомото настани во светот учествуваа најдобрите возачи во овие спортови, како што се Батон, Фетел, Шумахер, Култхард, Хирвонен, Гронхолм, Екстром, и други, кои во Пекинг приредија одлично автомобилско шоу.

Седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер во полуфиналето водеше жестока борба со својот помлад сонародник Себастијан Фетел.

Последниот ден од настанот на распоредот беше поединечната трка, на која на крајот беше прогласен „шампионот над сите шампиони“ ( Champio of Champions). трката беше возена во седум различни врсти болиди: Ford Focus WRC 09, VW Sciorocco, Solution F Prototipe, KTM X-Bow, Rx 150, ROC Car i ROC 2-seater.

Миленикот на публиката, седумкратниот Ф1 шампионат Михаел Шумахер возеше одлично и до полуфиналето се проби со лесни победи над Култхард, Милер, Гронхолм и Хирвонен.

Таму го чекаше сонародникот Себастијан Фетел, според некои неговиот Ф1 наследник, по што беше водена жестока борба меѓу помладиот и постариот германец. Имено, Фетел кога сфати дека Шуми има мала предност претера со форсирањето и се залета во оградата, го скрши својот KTM X-Bow и мораше да се откаже.

Шуми никогаш во кариерата не ја освои поединечната трка „Race of Champions“ и на несреќа на кинезите на трибините не успеа ниту оваа година. Екстром го победи во финалето и публиката ја доведе практично пред плачење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top