Угледен бизнисмен иселеник од Македонија ќе инвестира 33. милиони долари во Охрид. На местото на бараките кај Трудбеник ќе никне хотелски комплекс „Окото на Охрид“. Денеска потпишан и договорот на двајцата приватни партнери за реализација на овој проект.
„Око на Охрид“. Потпишан договор за реализација на хотелски комплекс. Директорот на Трудбеник Ацо Спироски и Спиро Трајчевски директор на американска фирма ќе инвестираат во Охрид. Станува збор за 33 милиони долари, со кој пари на местото кај бараките на Трудбеник ќе се изгради елитен хотелски комплекс. Дојде време да се стави крај на сите шпекулации околу проектот со странскиот инвеститор, рече Спироски и додаде дека теренот за отпочнување на градба е чист, а статусот на градежното земјиште е дефиниран.
Да се инвестира во Охрид не е случајно потенцираше Трајчевски. Охрид како светска туристичка дестинација заслужува хотел со 5 звездички со сите пропратни содржини.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, рече дека со реализацијата на овој проект, веќе ќе може да се зборува за развој на елитен туризам. Треба да се изградат уште многу елетни хотели, со што Охрид како град добива многу во сите сфери
Оваа вест е добредојдена за цела држава. Инвеститорите велат дека милион евра за откуп на градежно земјиште ќе добие државата. Како бенефит од изградбата на хотелскиот комплекс, по основ на комуналии општината ќе добие 6 милиони евра. Предвидено е сместувачкиот капацитет да биде близу 500 легла, со претседателски и луксузни апартмани,конгресни сали, диско клубови, казина и сите содржини и базени. Во најнормална постапка за три месеци ќе бидат финиширани сите работи околу изградбата на новиот хотелски комплекс, рече Спироски и додаде дека рачунајќи од на пролет за две години ке никне „Окото на Охрид“, компарирано со некој комплекс од Дубаи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град